Димитриевски се запиша во историјата на Рајо: Прв голман на клубот со 100 настапи во Ла Лига (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се запиша во историјата на Рајо Ваљекано.

Димитриевски е првиот голман кој успеал да стигне до бројката од 100 настапи за Рајо во најсилната шпанска лига, Ла Лига. Досега само 12 фудбалери во историјата на Рајо Ваљекано се со троцифрен број настапи во Ла Лига, а Столе е само четврти странец и прв голман кому му успеало тоа.

Димитриевски денеска против Реал Сосиедад го одигра всушност 160-от натпревар за Рајо, но 60 од нив се во Втората шпанска лига во сезоните 2019/20 и 2020/21.

Се вчитува...