Мајсторија на ЕЛИФ ЕЛМАС… „Дијамантот“ стрелец за триумф на Наполи (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв гол сезонава во Серија А за Наполи, заокружувајќи ја гостинската победа на неговиот тим против Салернитана од 0-2 во 11. коло.

Елмас, во игра влезе во 67. минута од средбата на местото на Кварцхелија и веќе во 82. минута приреди вистинска мајсторија за водство од 0-2 на Наполи.

Извонредна соло-акција на македонскиот дијамант, кој со прецизен луциден шут од работ на шеснаесетникот стрелаше, запечатувајќи ја победата на „наполитанците“.

Наполи, претходно до водство од 0-1 дојде со голот на Распадори уште во 13. минута од натпреварот.

Се вчитува...