Македонскиот интернационалец Љупче Дориев ја предводеше својата Согдиана до нови три бода во шампионатот на Узбекистан откако во 24. коло неговиот гол беше пресуден за победата од 1-0 над Буксоро.
Македонецот кој го започна натпреварот во стартната постава ја затресе мрежата во 67. минута, забележувајќи го третиот гол во тамошното првенство.
Со оваа победа Согдиана стави крај на серијата од четири порази едно по друго и стигна до 26 бод со кој се најде на 10. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

