Сензационална победа на Трабзон и Барди против Фенербахче

Трабзон на македонскиот репрезентативец Енис Барди направи голем подвиг во 11. коло во турското првенство совладувајќи го Фенербахче со 2-3 и притоа прекинувајќи ја фантастичната низа на домаќините од девет натпревари без пораз.

Онуачу во отвори мечот во 10. минута, а резултатот 0-1 остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Оздемир и Пепе донесоа предност за гостите од 0-3 со два брзи гола во 46. и 47. минута, по што Тадиќ од белата точка во 61. и 90. минута успеа да го ублажи поразот.

Македонскиот репрезентативец не доби шанса на денешната средба.

Се вчитува...