Убав погодок на Марио Крстовски за словенечки Домжале (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски се запиша во листата на стрелците за Домжале на дуелот против Марибор во најсилната лига на Словенија.

25-годишниот Крстовски донесе водство за Домжале во 11. минута, во мечот во кој Марибор, сепак, до крајот преку головите на Лорбер и Судани стигна до победа од 2-1.

За Крстовски ова беше втор гол сезонава во дресот на Домжале, кој во моментов со 11 бода е на 8. место во словенечкиот шампионат. Крстовски е поранешен фудбалер на Хоризонт Турново, Академија Пандев и Работнички кој пред доаѓањето во Домжале, настапуваше во шампионатот на БиХ.

  • Погодокот на Марио Крстовски може да го погледнете на временскиот исечок – 0:35…<

Се вчитува...