Шпанската Ла Лига попладнево ја објави видео-компилацијата од најдобрите пет голмански одбрани во 12. коло од ова елитно натпреварување.
Очекувано, во ова рангирање се најде и македонскиот голман Столе Димитриевски, кој имаше меч за паметење против Реал Мадрид, во ремито од 0-0 на „Сантијаго Бернабеу“.
Димитриевски го освои второто место со извонредната интервенција по обидот на Хоселу, а пред него се најде само Марк Андре тер Штеген и неговата одбрана на гостувањето против Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

