Столе дефинитивно не останува во Рајо: Два клуба во трката за потписот на Македонецот

Македонскиот фудбалски голман Столе Димитриевски и дефинитивно ја завршува својата авантура во Рајо Валјекано откако веројатно нема да успее со раководството на клубот да постигне нов договор.

Димитриевски летово ќе стане слободен агент, а како што пренесува Фабрицио Романо два шпански гиганти се во трка за неговиот потпис. Како прв фаворит се споменува Севилја, а заинтересирани за потпис на македонскиот голман се и од таборот на Вилјареал.

По одличните партии во Ла лига, Димитриевски претходно во еден момент беше поврзуван и со трансфери во Барселона и Реал Мадрид, но на крајот сепак се одлучи да остане во Рајо Валјекано.

Се вчитува...