Голема победа на Серафимов и МОЛ Фехервар против Ференцварош

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов и неговиот МОЛ Фехервар стигнаа до голем триумф откако вечерва во дербито на 13. коло во унгарскиот шампионат славеа на гостувањето кај лидерот Ференцварош со 0-1.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 67. минута кога Сабо го постигна погодокот вреден три бода. Серафимов беше стартер за својот тим и го одигра целиот натпревар кој треба да е подготовка за предизвиците кои следуваат и дуелите против Италија и Англија.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...