Динамо Загреб минува низ очајна сезона како на европската така и на домашната сцена, ако се знаат амбициите на клубот кој секогаш тежнее кон најдоброто. „Модрите“ во последните четири кола во хрватскиот шампион имаат само една победа, а по вчерашното реми со Ријека сега заостануваат девет бода зад водечкиот Хајдук.
Според хрватските медиуми, вчера во центарот на вниманието бил македонскиот фудбалер Стефан Ристовски кој не успеа да се носи со притисок наметнат пред дербито на гостувањето против неговиот поранешен клуб, па во еден момент во првото полувреме тотално ги загубил нервите.
Во финишот на првиот дел, Ристовски при еден дуел на средината од теренот фати за гуша противнички фудбалер нервозно гестикулирајќи. Домашните фудбалери бараа црвен картон за Ристовски, но доби жолт картон од главниот судија…
Dobra večer https://t.co/gzd0Dd7SKD pic.twitter.com/GcEF18SL0i
— Pukštasova igra glavom (@Chelinho1950) November 12, 2023
Како што пишуваат Хрватите, Ристовски плачејќи на полувремето заминал кон соблекувалната.
Сериозна нервоза демонстрирал и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој, во моменти на бес, удирајќи со нога скршил реклама покрај теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА