Словачка е следната репрезентација која ќе игра на Европското првенство идната година во Германија. Словаците на свој терен ја совладаа селекцијата на Исланд со 4-2, и така стигнаа до предност од пет бода зад ривалите, со што станаа недостижни на втората позиција.
Откако Исланд дојде до шокантно водство со голот на Сокарсон, Куцка во 30. минута и Дуда во 36. минута веднаш донесоа пресврт за Словаците. Во вториот дел Хараслин со голови во 47, односно 55. минута донесе недостижно водство од 4-1, за во финишот Гудјонсен да намали.
Луксембург ја понижи Босна и Херцеговина со убедливи 4-1. Олсен уште во 6. минута го израдува домашниот тим, а Родригез од пенал во 30 минута го зголеми водството. БИХ не само што не се врати во средбата, туку Мујакиќ си постигна автогол во 55. минута. БИХ успеа да намали на 3-1, но потоа и уште еден гол на Родригез за убедлив триумф.
Португалија стигна и до деветтата победа во квалификациите, откако ја совлада селекцијата на Лихтенштајн на гости со 0-2 со головите на Роналди и на Кансело.
Црна Гора остана во игра за пласман на ЕП откако на домашен терен ја совлада Литванија со 2-0. Сега на Црногорците во последното коло им треба победа, а Србија да загуби од Бугарија дома за сензационално да заврши на втората позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА