ВИДЕО: Сензација каква ретко се гледа – Јапонките со спектакуларен гол во последната секунда ја победија Данска!

Синоќа беше заокружена првата рунда од втората фаза на Светското првенство за ракометарки, на кое како коорганизатор е и Данска, еден од најголемите фаворити за освојување и на светската титула.

Но, токму Данките беа дел од мечот на кој беше приредена една од најголемите сензации во женскиот ракомет последниве години.

Во Групата 3, Јапонија ја победи Данска со 27-26 и тоа со спектакуларен гол со цепелин во последните секунди од натпреварот. На тој начин Јапонките внесоа неизвесност во групата во битката за место во полуфиналните пресметки на шампионатот.

Се вчитува...