Црна Гора сигурна со Сенегал, Романија спречи нова јапонска сензација

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора по поразот од Хрватска им се врати на победите на Светското првенство во Шведска, Данска и Норвешка откако денеска славеше против аутсајдерот Сенегал со 29-21.

Црногорките уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот откако на пауза имаа плус десет 8-18. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 29-21.

По победата над домаќинот Данска, Јапонија не успеа да приреди нова сензација откако денеска загуби од Романија со 32-28.

Се вчитува...