Французинките ја „демолираа“ Чешка за полуфинале на Светското првенство

Ракометарките на Франција се првите полуфиналистки на Светското првенство 2023, откако во четвртфиналната пресметка славеа против Чешка.

Французинките без никаков проблем ја оправдаа фаворитската улога, триуфирајќи со 33-22 (18-16). По главно израмнетото прво полувреме Франција лесно го скрши отпорот на Чешка во второто полувреме на крај убедливо славејќи со дури 11 гола разлика.

Минко со пет гола беше најефикасна кај Французинките, а Тубланк и Валентини завршија со по четири постигнати погодоци. Јерабкова беше најдобра кај Чешка со шест постигнати гола.

Вечерва од 20:30 часот во втората четвртфинална пресметка играат Холандија и Норвешка.

Се вчитува...