Ракометарките на Франција се вторите финалистки на Светското првенство. Французинките полесно од очекувањата ги поразија Швеѓанките со 37-28, и така си закажаа меч со Норвешка за големиот пехар.
Франција до победата стигна благодарение на доминацијата низ целиот меч, особено во првиот дел, кога на одмор заминаа со +8 (19-11). Предноста стекната од првиот дел само ја одржаа до крајот, и се пласираа во големото финале.
За разлика од првото финале во кое Норвешка во драматична завршница стигна до финалниот меч, на Франција и беше далеку послесно.
Кај победничкиот тим Хорачек беше најрасположена со девет голови, додека Хагман кај Шведска постигна пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

