Една од најголемите ракометни икони на поренашна Југославија, легендарната Светлана Китиќ веќе извесен период отворено зборува за сите свои мрачни брачни денови.
Долго молчеше популарната Китиќ за да конечно проговори за насилниот сопруг од третиот свој брак. Светлана нагласува дека се во живото им должи само на нејзините деца ќерките Александра, Марина и синот Никола, кои биле нејзината сила да ги надмине траумите кои и ги нанел страшниот брачен живот.
„Секогаш молчев затоа што се срамев да го пријавам таткото на моето дете. Но еден ден кога бев одвезена од домот итно со Брза помош отидов во полиција и раскажав се. Се работи за мојот трет сопруг Горан Богуновиќ, кој е татко на Марина. Неколку месеци откако се разведовме, тој исчезна без трага. Жалам што не ставив крај на таа траума порано. Ме тепаше само поради алкохол. Пиеше многу, и беше страшно љубоморен“ – вели Китиќ, сега веќе активно вклучувајќи се и во кампањите против семејното насилство.
„Ми се чини дека секоја година има се повеќе жртви. Бидејќи и самата бев жртва на насилство знам колку сила ми требаше да го кажам и признаам тоа. Жртвите често се чувствуваат виновни и причина за такво однесување на насилникот, што е целосно погрешно. Има многу осуди и од околината, па затоа најчесто молчат“ – истакнува Китиќ во интервју за „Глорија“ и дополнува:
„И мене ми требаше долго време јавно да го кажам тоа. Траумата останува со вас до крајот на животот и никогаш не ја заборавате. Кога почнав да зборувам за тоа, почувствував големо олеснување. Затоа треба да се зборува и нема срам во тоа. На почетокот ми беше многу срам. Непишано правило е дека штом ќе ве удри еднаш, тој ќе продолжи. Нема крај… Мајка ми велеше дека еднаш ставена рака, ќе продолжи постојано. Не ја послушав, па секогаш давав нова и нова шанса, само заради ќерката која не сакав да расте без татко. Ја имав лудата среќа што имав своја работа и свои пари, па не бев зависна од насилникот со кој бев“.

Китиќ била малтретирана цели шест години, а според неа, се отишло дотаму што во еден момент го молела сопругот насилник да ја убие, за да заврши тортурата еднаш засекогаш.
„Насилниците се добро сокриени, од толку голема љубов стигнуваш до тој степен да те тепаат толку многу што молиш само подобро да те убијат. На крајот дојде до таму што му реков „убиј ме, нема да останам со тебе“. Немав решение, тоа се моментите кога целосно се повлекуваш во себе, стануваш вистинска жртва. Тоа траеше 5,6 години. Тоа е срамот да се разведам, поради детето, тоа ми беше трет брак и со сите сили се трудев да го спасам. Но, насилството е нешто од што повеќе не се срамам и отворено разговарам со децата, тие треба да знаат дека не се сами. И секоја жртва треба да знае дека не е сама. Мора да стави точка на таков живот и да го открие насилникот“ – коментира Китиќ која беше прогласена за најдобра ракометарка на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

