Младинците не можеа и против Романија и против судиите: Пораз во финалето на „Трофеј Карпати“

Младинската репрезентација на Македонија го освои второто место на турнирот „Трофеј Карпати“ откако во денешниот дуел загуби од Романија со 32-36. Овој меч важеше за „финале“ откако двете селекции имаа по две победи во претходните денови, нашите ракометари се покажаа во сосема солидно светло, но ги загубија нервите во самиот финиш, кога судиите со чуден критериум ја турнаа домашната репрезентација до победата.

Македонија беше подобра во голем дел од првото полувреме, во неколку ситуации избраниците на Стојановиќ имаа предност од два гола, но Романците со пет гола во низа од 9-11 поведоа со 14-11, резултат со кој се замина на одмор. Домаќините имаа и „плус шест“, но Македонија успеа да се консолидира, целосно да се врати во мечот се до завршните пет минути, во кои судиите со неколку одлуки директно влијаеја на резултатот, по што трофејот остана за домашната селекција.

Калајџиески со десет погодоци беше најефикасен во македонскиот состав, Узунчев го заврши натпреварот со осум гола, што сепаак беше недоволно да се стигне до третата победа на овој турнир.

Се вчитува...