ЕХФ номинираше 18 судиски двојки за престојното Европско првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Меѓу нив сосема очекувано и најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Николов и Начевски редовно се дел од големите ракометни натпреварувања, со обезбедено често за нив место и во самата завршница на шампионатите.
Меѓу 18 судиски двојки кои ќе ја делат правдата во Минхен, Манхајм и Берлин се четири двојки од Балканот.
Како што е познато, во Дизелдорф ќе се игра само првиот меч на шампионатот, и тоа Македонија ќе се соочи против селекцијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

