Најдобрата македонска ракометарка, Сара Ристовска на крајот од оваа натпреварувачка сезона ќе си замине од ЦСКА Москва откако прифати нов предизвик во кариерата – преселба во амбициозниот проект на Рапид Букурешт.
Ристовска е дел од ЦСКА од 2019 година, со оваа екипа годинава успеа да стигне до двојна круна во рускиот ракомет, по што се реши да ја прифати понудата на Рапид и по завршувањето на оваа сезона да се пресели во Букурешт.
„Сара Ристовска, од следната сезона во Рапид. Десното крило има 39 настапи за МАкедонија, на кои постигнала 181 погодок“, се пофали Рапид на својот официјален фејсбук профил.
Пред ЦСКА Москва, нашата интернационалка има настапуван за Металург и Вардар на домашната сцена, а потоа и за Крим од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА