„Вујовиќ нема никогаш да биде селектор на Хрватска“

Хрватската ракометна репрезентација на крајот го зазеде 11-то место на Европското првенство. Во последниот меч, Хрватите ја победија Германија, и така го завршија ова натпреварување. Иако одлично го почнаа, сепак, серијата на лоши резултати беа клучни за „коцкестите“ ги завршат мечевите во главната групна фаза.

Во хрватските медиуми веќе се шпекулира со селекторска смена, со оглед дека ова за Хрватска беше вториот насјлаб пласман на еворпските првенства. Се шпекулира со името на Веселин Вујовиќ, но потпретседател на хрватската ракометната федерација Зоран Гобац рече дека тој никогаш нема да биде селектор на Хрватска.

„Во хрватскиот ракомет има доволен број на стручњаци кои може да ја обавуваат селекторската функција, така што нема проблем. Вујовиќ го ценам како личност и како тренер, но хрватската репрезентација е едно, а РК Загреб друго. Никој не разговарал со Вујовиќ, ниту ќе разговара. Тие шпекулации се неточни. Вујовиќ сигурно никогаш нема да биде селектор на Хрватска“, рече Гобац.

Се вчитува...