Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија уште еднаш голема доверба од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Македонскиот пар е делегиран да го суди полуфиналето на Европското првенство во Германија во кое ќе се сретнат репрезентациите на Франција и Шведска.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат домаќинот Германија и актуелниот светски шампион Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА