Брегалница го промовираше и голманот Ристе Јанков како свое најново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
25-годишниот Јанков во Брегалница доаѓа од романското првенство, каде настапуваше за екипата на Политехника Јаши. Во кариерата, претходно на македонската фудбалска сцена има настапи за екипите на Локомотива и Работнички како и за Каспиј Актау во шампионатот на Казахстан.
По претходното враќање во своите редови на Михаил Маневски, Пепи Ѓоргиев и Илија Донов, сега „сините“ ја засилуваат и голманската позиција со ангажманот на искусниот повремен македонски репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА