Унгарија преку Словенија до петто место на ЕП

Ракометната репрезентација на Словенија во крајно интересен натпревар славеше над Унгарија со 23-22 и со тоа го освои петтото место на Европското првенство кое се игра во Германија.

Иако Словенците во поголемиот дел од мечот го контролираа резултатот, а на пет минути до крајот имаа предност од два гола 22-20, на крајот Унгарците одиграа многу подобро и успеаја да стигнат до конечен триумф од 23-22. Банхиди и Лекај со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Благотиншек, Влах и Зарабец.

Подоцна денеска во полуфиналните мечеви ќе се сретнат: Франција – Шведска и Данска – Германија.

Се вчитува...