31-годишниот Немања Гојковиќ е ново име во редовите на Вардар. Тој потпиша договор со „црвено-црните“ до крајот на сезоната, и игра на позицијата стреден бек.
Во последните три години Гојковиќ играше во Израел, во редовите на Бнеи Херзлија. Гојковиќ во новиот клуб ќе настапува со дресот број 25.
Во играчката кариера играл за Металопласика Шабац, со кој во 2019 и 2020 година бил вицепрвак на Србија, а има играно и за Слоба Пожег, Пролетер Зрељанин и Младост Чачак. Има искуство и со играње во Германија, во тимот на Ашерслебен.
Гојковиќ има играно и за Србија на Медитеранските игри во 2018 година во Тарагона.
„Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси. Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето вцо Скопје. Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи, вели Немања Гојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА