Македонија ЃП денеска одигра пријателски натпревар против словенечки Алуминиј на подготовките во Хрватска, и истиот го загуби со минимални 1-0.
Голот словенечкиот тим го постигна во 34. минута со удар од белата точка. Пеналот беше досуден по еден старт, по кој акцијата продолжи, но Стевковски одбрани, по што судиите покажаа на удар од 11 метри.
Залудни беа протестите на играчите на Македонија ЃП, кога судијата остана доследен на одлуката. Пеналот беше реализиран прецизно за пораз на „лавовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

