ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ: Силекс убедлив против Воска, Работнички испушти победа против црногорски Младост

Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во домашните шампионати. Прволигашите Воска и Силекс одиграа пријателски натпревар во Охрид кој им припадна на кратовци со 0-4.

Стрелци на погодоците за Силекс беа Горгиевски, Манасиевски, Масевски и Ричков.

Македонскиот прволигаш Работнички испушти победа против црногорски Младост на подготовките во Хрватска. Нашите фудбалери имаа предност од 2-0 по првото полувреме, но на крајот со голови во 75. и 90. минута Црногорците успеаја да стигнат до конечни 2-2. Двоен стрелец за романтичарите беше Билали.

Се вчитува...