Фудбалерите на Работнички триумфираа против хрватскиот третолигаш Карловац во првиот свој натпревар на „Медулин Куп 2024“ кој се игра во Медулин, Хрватска.
„Романтичарите“ славеа на дуелот против Карловац со 2-0, со головите во 77. минута на Петар Петковски и во 93. минута на Матеј Ангелов.
Работнички на турнирот е во група уште со екипата на Тихи од Полска и Младост ДГ од Црна Гора. По претходното реми (2-2) со Младост ДГ, на 3. февруари македонскиот тим го игра и натпреварот со полскиот Тихи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА