Општина Битола вечерва на свечена манифестација ќе ги додели признанијата за најдобрите спортисти и спортски колективи за 2023 година.
Главен лауреат на вечерта ќе биде Жарко Пешевски, ракометниот репрезентативец на Македонија кој е и еден од најзаслужните за освоената титула на Е. Пелистер во ракометниот шампионат на Македонија. Пивотот важи за лидер на „пелистерци“ од моментот кога пристигна во овој клуб од Бундес-лигата, во првиот дел од сезоната ја имаше и капитенската лента во битолскиот суперлигаш, а минатиот месец беше и меѓу најдобрите во македонската репрезентација во настапот на ЕП 2024 во Германија.
„Пелистерци“ очекувано ќе ја добијат и наградата за најдобар клуб од Битола, откако по долга пауза успеаја да се искачат на ракометниот трон во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

