Екипата на Работнички утре ќе му гостува на Шкупи во градското дерби на Скопје како дел од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот на „романтичарите“ Сабит Билали вели дека поразот од Вардар веќе е зад нив и дека се надеваат на позитивен резултат против Шкупи.
„Утре не очекува нов тежок натпревар. Гостуваме на Чаир, но подготвени сме да одиграме квалитетно против Шкупи. Поразот од Вардар е веќе зад нас, максимално сме фокусирани на следниот предизвик и се надеваме дека ќе успееме да ја реализираме нашата цел. Почнува третиот круг од првенството и сега секој бод е екстремно важен“, изјави Билали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

