Штипска Брегалница прва дојде до водство на денешните натпревари од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Штипјани во дербито на Истокот, поведоа против Тиквеш во Кавадарци со голот на Соломон Кинг уште во 7. минута од средбата.
Голем кикс на домашниот голман Ренер кој лошо оставен дозволи Кинг да го изненади со шут речиси од „мртов агол“ носејќи водство од 0-1 за Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

