Голот на сезоната доаѓа од Третата лига – Костовски од Росоман стрела од половина терен (ВИДЕО)

И тоа како интересни натпревари секогаш носат дуелите и од третите лиги во македонскиот фудбал.

Доказ за тоа сигурно е и извонредниот погодок од половина терен на вчерашниот меч меѓу Росоман и Коњари.

Фудбалерот на Росоман, Стефан Костовски во 65. минута откако забележа дека противничкиот голман е далеку излезен пред својот гол, со феноменален удар се одлучи да го лобува и успеа во тоа за 2-1 во тие моменти за својата екипа, и еуфорија на домашните навивачи.

На крајот Росоман славеше со 3-1 на натпреварот против Коњари.

Се вчитува...