Десет години без Петар Милошевски

На денешен ден пред десет години во сообраќајна несреќа во близина на Куманово, Македонија го загуби еден од најголемите фудбалски работници, Петар Милошевски.

Милошевски во кариерата беше дел од Пелистер, Вардар, а бранеше во Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис. Беше стандарден репрезентативец, носејќи го дресот на Македонија на 59 натпревари. Во својата кариера играше над 500 натпревари.

По завршувањето на кариерата работеше во репрезентацијата на Македонија како спортски директор. Со многу дела го задолжи македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Пораките кои пристигнуваа од сите страни, најдобро говорат каква трага остави во македонскиот и европскиот фидбал.

Се вчитува...