Вардар – Шкендија е секако најинтересното во мак-фудбалот, па без разлика што едните играат за опстанок а другите за титула!

Вардар и Шкендија секако го играат најинтересниот натпревар од денешното 24. коло во Првата македонска фудбалска лига, па без разлика и на фактот кој говори дека едните се борат за опстанок а другите за шампионската титула во првенството.

Огромен е предизвикот за „вардарци“ во пресметката со тетовци од повеќе аспекти. Јасно е дека бодовите се повеќе од неопходни, но и тоа како е неопходно и „билдање“ на психолошкиот импулс, токму преку дуелите со вакви противници, за битката која ќе ја води најтрофејниот македонски клуб до крајот на сезоната.

„За Вардар сезонава секој натпревар е повеќе од предизвик, без разлика на противникот од спротивната страна. Дуелот со Шкендија носи еден поинаков фудбалски шмек и јасно е дека мотивот за вистинско спортско надигрување е повеќе од присутен“ – вели шефот на стручниот штаб на Вардар, Горазд Михајлов.

Но, бодовите се повеќе од потребни и за Шкендија која се уште верува во приклучок во трката за шампионската круна.

„Ние на секој натпревар одиме на победа. Така ќе биде и денеска во Скопје. Со еден добар пристап верувам дека ќе ги освоиме трите бода“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Аденис Шаља.

ПРВА ЛИГА – 24. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...