Крајно интересен натпревар во Кратово одиграа Силекс и АП Брера во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига. На крајот Силекс, по одлично одиграно второ полувреме, трумфираше со 2-1.
Сите возбудувања на мечот се случија во вториот дел кога и паднаа трите гола, на голема радост на крај за тренерот на кратовци, Александар Васоски кој дојде до победа против својот поранешен тим.
Силекс дојде до предност во 51. минута со голот на Каланоски.
Но, гостите од Струмица израмнија во 68.минута преку Ивковиќ иако од сомнителна офсајд позиција.
На крајот, триумфот на кратовци им го донесе Леонид Игнатов со одличен погодок во 78. минута со шут од околу 15 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА