Спортскиот директор на Баерн: Не можеме секогаш да носиме засилувања како Кејн, со Клоп не сме преговарале

Новиот спортски директор на Баерн Минхен, Макс Еберл зборуваше за иднината на клубот, односно за нов тренер и нови засилувања. Сите очекуваат во иднина „Баварците“ да имаат нов лик, и да не ги повторат настапите од последните две сезони. Во оваа сезона тимот е далеку од титулата во Бундеслигата, а минатата буквално во последните секунди успеа да ја освои.

Еберл кажа дека Јирген Клоп не е во плановите на Баерн Минхен, пред се поради изјавата дека „снемува енергија“.

„Не е точно дека сме контактирале со Клоп. Неговата изјава дека „нема повеќе енергија“, доволно кажува. Секако дека ги разгледуваме сите можности околу тренер, и ќе донесеме одлука“, изјави Еберл.

На прашањето околу нови засилувања, новиот спортски директор на Баерн категоричен.

„Секако дека ќе се засилиме во летниот предоен рок, но ако очекувате да дојде некое големо име, тоа е нереално. Не можеме ние секогаш да носиме играчи како Хари Кејн. Но, секако ќе го донесеме најдоброто за клубот“, вели Еберл.

Се вчитува...