Дебитантот во Суперлигата, Мултиесенс дојде до важнби бодови во битката за опстанок во плеј-аутот, откако триумфираше над Скопје со 32-20.
Гостите парираа само во првите 30 минути кога беше 12-12, а потоа Мултиесенс целосно ја презеде контролата и на крајот славеше убедлив триумф.
Најефикасен беше Димевски со 11 голови. Кај поразениот тим најефикасен беше Шокоски кој постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА