Михел Хансен кажа збогум: Доста е…, ми беше чест што бев дел од овој ракометен свет!

Еден од најдобрите светски ракометри на сите времиња, данскиот ас Микел Хансен, денеска на прес-конференција и официјално објави дека на крајот од сезоната ја завршува својата богата ракометна кариера.

И покрај тоа што неговиот договор со Алборг трае до јуни 2025 година, Хансен се одлучи да оди во пензија на крајот од сезоната во која сака да се збогува со настапот на ЛОИ 2024 во Париз.

„Мислам дека навистина е доста. Ми беше чест и привилегија 20 години да бидам дел од спортот кој навистина го сакам. Не е спорно дека се уште ме држи огромна желба и посветеност, но веќе сум во години во кои имам и други приоритети во животот поради што мислам дека летово е вистинскиот момент да кажам стоп. Секако би било најубаво да се збогувам со медал од Олимписки игри“ – рече Хансен на денешната прес-конференција во Данска.

Крајот на кариерата на Микел Хансен ќе биде само дополнување на најавените повлекувања и на Никола Карабатиќ, Уве Гензајмер, Винсен Жерар, кои оваа година кажуваат збогум на професионалниот ракомет.

Се вчитува...