Лазаров за Хансен: Изненаден сум… кога го гледаш него, мислиш дека ракометот е едноставна игра…

Најавеното пензионирање на Микел Хансен предизвика бурни реакции во ракометниот спорт, кој во едно лето ќе остане без две огромни легенди ако се знае дека од претходно своето пензионирање го најави и Никола Карабатиќ.

Данската телевизија ТВ2 како дел од својот прилог собираше изјави од прославени ракометни имиња за повлекувањето на Хансен, а меѓу нив се најде и нашиот Кире Лазаров. Актуелниот селектор на Македонија како играч водеше бројни битки со Хансен и на клупско и на репрезентативно ниво, па Лазаров имаше само пофални зборови за данската ракометна легенда.

„Искрено бев изненаден од веста дека Микел Хансен летово ќе ја заврши кариерата. Не очекував толку рано да каже збогум, бидејќи во моите очи тој се уште играше на високо ниво, како во клубот, така и во репрезентацијата. Микел е автентичен и препознатлив ракометар, еден од најдобрите во нашиот спорт на сите времиња. Тој е ракоемтарот со можеби најдобро технички изработен шут и додавање во историјата. Јас уживав и додека играв против него и кога го гледав како игра. Кога го гледаш Микел Хансен, мислиш дека ракометот е едноставна игра, а воопшто не е така“, изјави Кире Лазаров за ТВ2.

Се вчитува...