Младинскиот репрезентативец и досегашен член на штипска Брегалница Михаил Димитриевски, ќе биде ново засилување за екипата на Работнички. Димитриевски игра на позицијата десен бек, и ќе биде одлично засилување за „романтичарите“.
Димитриевски потекнува од фудбалската школа на Њу Старс, па од Локомотива, преку Пехчево, се сели во Брегалница во 2022 година. Добрите настапи во штипскиот тим му донесоа да стане и младински репрезентативец.
21-годишниот Димитриевски за младиот нациоанлен тим на Македонија има одиграно шест натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА