Голманот Марко Алчевски се сели во израелски Хапоел, БРЕРА ја најде неговата замена

Македонскиот младински репрезентативец Марко Алчевски, од АП Брера се сели во израелскиот тим Хапоел Ерусалим. 22-годишниот Алчевски беше капитен на Брера во минатата сезона.
Алчевски е дете на Академија Пандев (сега Брера), а една полусезона ја мина како позајмен во Борец Велес.
„Нашиот прв голман Марко Алчевски се сели во Израелската Премиер лига каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22 годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера.

Марко Алчевски за нашиот прв тим во последната натпреварувачка сезона имаше 29 настапи односно беше голман на толку натпревари. Имаше многу одлични одбрани и се покажа како енигма за противничките играчи. Со својата позитивна енергија Марче го сметавме како еден од мотиваторите на нашата игра.

Алчевски во нашиот клуб дојде во август 2017 тата и контуинирано напредуваше со поддршка на нашиот стручен штаб и неговата желба. Во пролетта 2022 година беше половина сезона во Борец во Велес. Паралелно тој е и репрезентативен голман кој сериозно чука на вратите и фудбалската селекција на Македонија“, стои во соопштението на Брера.
АП Брера ја најде неговата замена. Станува збор за Мартин Давков, кој во следните денови треба да го комплетира трансферот во струмичкиот тим. Давков беше дел од Брегалница, а во минатото бранеше и за Тиквеш.

Се вчитува...