Кехинде од Гостивар нов фудбалер на шампионот Струга ТЛ

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ во среда ќе и гостува на Слован Братислава во првиот меч од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. На два дена од натпреварот во Словачка, македонскиот шампион договори одлично засилување.

Се работи за довчерашниот фудбалер на Гостивар Ланре Кехинде кој минатата година беше еден од најдобрите напаѓачи во домашниот шампионат.

Се вчитува...