Најтрофејниот фудбалски колектив на Македонија, ФК Вардар го потпиша спонзорскиот договор со „Новоматик“ Македонија, со што се реализираат најавите дека сериозна компанија ќе застане зад големиот македонски спортски бренд.
„Црвено-црните“ во последната сезона беа водени од навивачката група „Комити“ која упеа да го задржи тимот во елитното друштво, но јасно е дека за посериозен резултати е неопходна и значителна финансиска инјекција, нешто што дефинитивно се остварува со потпишаниот договор со „Новоматик“.
Претседателот на ФК Вардар, Милорад Миленковски го потпиша договорот за спонзорство со директорот Александар Симовиќ.
„Посебен момент за нас и свечен чин. Овој настан претставува свет чин за нас. Целиот наш труд сето ова време и поддршката која што ја добивме наиде на разбирање и препознавање и горд сум на тоа што овие луѓе ја препознаа енергијата. Потпишавме договор за главно спонзорaтво и сме многу горди поради тоа. На Вардар му беше потребено една ваква компанија да влезе во нашиот тим, за да даде мотив и за другите спонзори. Одиме на подготвки и се надеваме дека на крајот на сезоната ќе се радуваме на нови успеси на Вардар“, истакна Милорад Миленковски и дополни:
„Пред четири години влеговме во оваа игра на среќа. На моменти отстапувавме, на моменти го зголемувавме влогот и бевме влезени „ол-ин“, а на крајот се покажа дека со сето тоа победивме. Ова е заедничка победа и на нас и на Новоматик, но и на сите кои веруваа во проектот Вардар. Вардар е национален македонски бренд и се надеваме дека повторно ќе биде најголем амбасадор на татковината“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА