Досегашниот стопер на Гостивар, Амир Билали во следната сезона ќе го носи дресот на азербејџански Сабаил. Билали потпиша едногодишен договор со тимот од Азербејџан кој веќе го промовираше овој играч.
Билали во минатата сезона настапи на 22 меча за Гостивар, и постигна еден гол во македонската Прва лига.
Билали е со огромно искуство откако настапуваше во многу клубови во земјава но и во странство. Тој беше своевремено дел од младинските категории на Лацио и на Кремонезе, а потоа го носеше дресот иа на Цеље, Билис, Работнички, Теута, Шкупи, Партизани Тирана, Мезоковешд во Унгарија, па во казахстански Акжајик, во Сутјеска од Црна Гора, а од 2023 година е во Гостивар, и по една сезона заминува од клубот и се сели во Азербјеџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА