Поранешен репрезентативец на БиХ е ново засилување на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, откако нешто порано денеска ги потврди Кореецот Сеук – Гјун Ким од Јужна Кореја и Марио Костов, го потврди и искусниот Горан Закариќ.

Тој има 31 година и игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.

Има освено две шампионски со екипите на Борац БЛ и Зрински, како и две куп титули со екипите на Железничар и Партизан. Во сезоните 2017/18 и 2020/21 бил прогласуван за најдобар играч на сезоната, настапувајќи за екипите на Железничар, односно Борац Бања Лука. За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.

Се вчитува...