Килијан Мбапе, како и сите други ѕвезди на Реал Мадрид, од клубот добил на употреба автомобил со кој ќе доаѓа на тренинзи и клупски обврски.
Кралевите се договорно врзани за БМВ, па сите фудбалери мораа да искористат еден од ѕверовите од овој производител и очекувано, Мбапе се одлучи за вистински „ѕвер“. Во големиот избор тој се одлучи за BMW i7 M70 кој достигнува максимална брзина од 250 km/h. Во зависност од верзијата, брзината достигнува меѓу три и четири секунди.
Цената на овој автомобил на пазарот е речиси 200.000 евра, а внатрешноста е опремена со ексклузивни содржини во кои Французинот ќе може да ужива. Вратите на овој автомобил се толку тешки што се затвораат само со притискање на копче, има огромен екран од 31 инчи, разни масажери и многу други работи кои и се потребни на една голема ѕвезда како Мбапе.
Бизарниот факт е дека Мбапе нема да биде зад воланот на ова БМВ. Се уште нема возачка дозвола и се плаши од возење. Едноставно мисли дека не му треба возачка дозвола и полесно му е да плати возач кој ќе го префрла од една на друга локација и кој му е достапен 24 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА