Шпанскиот фудбалер Алваро Мората имаше лето од снишата. Тој со својата репрезентација го освои Европското првенство кое се одржа во Германија, а и реализираше трансфер во редовите на Милан, но сега соопшти тажни вести.
Имено, Мората се развеува со сопругата Алис Кампељо поради засега непознати причини, но шпанските медиуми шпекулираат дека станува збор за прељуба на еден од нив.
Алваро и Алис имаат четири деца кои како што вели шпанскиот голгетер се најдобрата работа која им се случила.
„По некое време кое го имавме да размислуваме, Алис и јас одлучивме да заминеме по свој пат. Беше тоа фантастична врска полна со меѓусебно разбирање и почитување, се сакавме и си помагавме еден на друг. Имаме и четири деца кои се најдобрата работа кој ни се случи. Ова беше болна одлука, но ве молам за почитување и емпатија во овие моменти“, напиша Мората на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА