Дани Алвеш мина повеќе од една година во затвор откако беше осуден за сексуален напад врз девојка во дискотека во Барселона, а легендарниот бразилски фудбалер моментно со кауција од еден милион евра се брани на слобода додека го чека процесот по поднесената жалба за пресудата за затворска казна од четири години и шест месеци.
Екс-фудбалерот на Барселона не смее да ја напушти Шпанија, но работата во последно време му тргна на подобро откако повторно ја има поддршката на својата сопруга Жоана Санц. Таа неколку пати го осуди однесувањето на фудбалерот за време на судскиот процес што се водеше против Алвеш, но во последните месеци очигледно двојката повторно е заедно откако Жоана му даде нова шанса на Дани.
Тоа го потврди и самата Санц, објавувајќи заеднички фотографии од одморот во Мајорка…
„Да, заедно сме… Да, среќни сме… Кому му пречи нека не гледа“, стоеше во описот на фотографиите објавени од Жоана Санц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА