По убедливиот пораз од Силекс во Кратово, АП Брера пред своите навивачи во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига во недела ќе ги лечи раните против Шкендија.
Струмичани ќе мора против тетовци да се обидат да го надополнат загубеното од мечот во Кратово, потврдувајќи дека оние 4-0 од Силекс биле само еден лош ден.
„Очекуваме квалитетен натпревар против Шкендија повторно успешен пред нашите навивачи и со поддршка од трбините да дојдеме до трите бода, па со победа да го заборавиме претходниот пораз од Силекс. За натпреварот се подготвуваме како и за секој друг, знаеме дека Шкендија има одлични индивидуалци, но се надевам дека ќе успееме да ги неутрализираме и на крај ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат“ – вели Ѓорѓи Јанкулов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА