Голманот на Струга ТЛ, Дујмовиќ прими „пацерски“ гол од Работнички на Националната Арена „Филип Втори“, откако Дин Аломеровиќ од слободен удар го совлада од 30 метри. Никој не очекуваше дека Аломеровиќ ќе погоди, особено што гостинскиот голман тргна по топката, но не успеа да скроти чиста топка, и така таа заврши во мрежата.
Првиот гол беше прекрасен, со волеј удар од 25- метри, и тој оди на „душа“ на Дујмовиќ, кој дефинитивно покажува слабости во 3. коло, а во овој меч Струга ТЛ влезе без примен гол во првите два меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА