Шкупи слави убедливо против „загубениот“ Вардар, Работнички го урна шампионот (ВИДЕО)

Екипата на Вардар го запиша и вториот пораз во третиот натпревар во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Со нов тренер, но со стари проблеми, „црвено-црните“ беа немоќни на гостувањето на Чаир кај екипата на Шкупи. Чаирчани на крајот славеа со 3-0, со што ја остварија првата победа во сезоната, и прва под палката на Матеа Мирков, новиот тренер.

Шкупи доминираше речиси во целиот тек на натпреварот. Имаше шанси уште на стартот од натпреварот, меѓутоа Гачевски некако одолеваше се до 33. минута. Тогаш Гуџуфи доби одлична топка, излезе сам пред вардаровиот гол, и погоди за водство. Гуџуфи, „детето“ на Вардар погоди против својот поранешен тим, а токму „децата на Вардар“ ќе се покажат клучни во овој триумф.

Домашните играчи со иста цел влегоа и во вториот дел, а во 55. минута по една супер акција, пенал за Шкупи. Ибиши го реализираше прецизно за 2-0 и за радост на навивачите на чаирската екипа. До крајот на мечот Шкупи успеа да ја контролира играта, а во судиското надополнување по една нафрлена топка од Канда, Гуеје со глава го натера Гачевски по трет пат да ја вади топката од мрежата.

Голема победа и за Работнички во дуелот со актуелниот првак Струга ТЛ. Два удари од далечина и две грешки на голманот на гостите Дујмовиќ беа пресудни „романтичарите“ да го надополнат одличниот старт на новата сезона. Гандо во 26. минута постигна прекрасен гол, а потоа Аломеровиќ од слободен удар ја казни огромната грешка на Дујмовиќ. До крајот на мечот Струга ТЛ се обиде да се врати, но Алексовски беше одличен меѓу диреците, и не дозволи шампионот да се радува.

Гостивар оствари лесен триумф над Воска Спорт. Со по еден гол во двете полувремиња, Гостиварци успеаја да ја оправдат фаворитската улога и да слават триумф.

Силекс продолжува со настапите „топло-ладно“. Откако во минатото коло го совладаа тимот на Брера, сега загубија во Битола. Стрелец на единствениот гол вреден три бода за Пелистер беше Мирко Ивановски.

Беса дојде до првата историска победа во ПМФЛ. Екипата од Добри Дол славеше над Тиквеш во меч одигран во Гостивар. Единствениот погодок беше дело на Љатифи на 10 минути пред крајот на регуларниот дел.

РЕЗУЛТАТИ, ПМФЛ 3. КОЛО

ШКУПИ – ВАРДАР 3-0 

Гуџуфи 33′, Ибиши (п) 55′, Гуеје 90’+4

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 2-0

Гандо 26′, Аломеровиќ 40′

ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 0-2 

Машике 30′, Симоновски 87′

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1-0

Ивановски 52′

БЕСА – ТИКВЕШ 1-0

Љатифи 80′

БРЕРА – ШКЕНДИЈА (20:00 ЧАСОТ)

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

 

СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ:

ШКУПИ – ВАРДАР

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

БЕСА – ТИКВЕШ 1-0

Се вчитува...