Брера Струмица забележа нов пораз без постигнат гол во Првата македонска фудбалска лига откако во 3. коло загуби на домашен терен со 0-2 од Шкендија.
Тренерот Бојан Круљ не го криеше разочарувањето по средбата велејќи дека жали за шансите кои не беа искористени во завршницата.
„Мислам дека примивме два лесни гола. Пристапот на фудбалерите беше добар, имавме неколку шанси, но не бевме мирни во завршницата.
Шкендија е квалитетна екипа и сакам да посакам се најдобро во продолжението од сезоната. Нам ни преостанува да се подготвуваме за следниот предизвик во шампионатот против Струга“, вели Круљ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА